Мозаик 23.08.2023 14:20

Дневен хороскоп – овој знак денеска ќе ја комбинира страста со наивноста, а особено еден знак да внимава на здравјето

Дневен хороскоп – овој знак денеска ќе ја комбинира страста со наивноста, а особено еден знак да внимава на здравјето

Овен

Љубов: Ќе ја комбинирате страста со наивност. Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол, но нема да знаат на што се додека се со вас.
Кариера: Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени. Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.
Здравје и совет: Прифатете го она што доаѓа.

Бик

Љубов: Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка. Единствено е важно да не зборувате премногу и што било.
Кариера: Сите работи поврзани со луѓе, или комуникации лесно ќе се одвиваат.
Здравје и совет: Прво промислете па потоа кажете.

Близнаци

Љубов: Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите. Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност.
Кариера: Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне. Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците.
Здравје и совет: Работете колку што можете.

Рак

Љубов: За вас веќе нема препреки, ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден.
Кариера: Сѐ повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа. Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа.
Здравје и совет: Бидете она што сте.

Лав

Љубов: Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе. Се ќе излезе на добро.
Кариера: Постојат уште некои договори кои не се толку важни, но треба да ги доработите до крај. Денеска ќе се занимавате со нив.
Здравје и совет: Мали двоумења.

Девица

Љубов: Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани. Ќе успеете да го добиете она што го посакувате.
Кариера: Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените. Тие ќе ве доживуваат како стрес.
Здравје и совет: Ќе ви недостига мир. Повлечете се.

Вага

Љубов: Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена, а надворешната сосотојба нема да ви помага. Од таму и фрустрациите.
Кариера: Се што досега сте преживеале, ќе знаете да го наплатите. Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар.
Здравје и совет: Не мора се да биде по ваше.

Шкорпија

Љубов: Понекогаш не можете да се препознаете. Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено. Бидете поскромни, па ќе имате повеќе среќа.
Кариера: Не треба да се споредувате со другите. Секој е единствен и има свој талент. Треба само да се открие.
Здравје и совет: Преиспитајте се.

Стрелец

Љубов: Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации. Немојте премногу да ги зенате при срце.
Кариера: На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект. Тоа ќе ве израдува.
Здравје и совет: Мали емотивни грижи.

Јарец

Љубов: Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок, барем за сега. Ќе се посветите на други работи.
Кариера: Би можеле да бидете многу успешни. Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале.
Здравје и совет: Бидете будни во секој момент.

Водолија

Љубов: На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна, а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата.
Кариера: Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон, нова позитивна насока.
Здравје и совет: Не ги заборавајте паузите .

Риби

Љубов: Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта. Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка.
Кариера: Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти, а ќе дојде и она што до чекавте.
Здравје и совет: Можете да поместите планини.