Финансии 25.08.2023 13:08

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 165,89 евра за мегават час, на МЕМО 144,71 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 165,89 евра за мегават час, на МЕМО 144,71 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за25 август просечнатачасовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 165,89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 144,71 евра/mwh

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 171,42евра за мегават час, а на MEMO 150,98евра.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец август до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 94,75 евра за мегават час, додека просечната цена за август на МЕМО берзата изнесува 96,04 евра за мега ват час.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.