Живот 25.08.2023 13:43

За разлика од Американците, Европјаните и натаму имаат отпор кон клима уредите

За разлика од Американците, Европјаните и натаму имаат отпор кон клима уредите

Пред точно 120 години, Вилис Кариер измислил начин како да ја разлади просторијата. Човекот на кој му благодариме за клима уредите во жешките летни денови, не ја предвиде иднината и не предвиде глобално затоплување. Денес, животот без климатизација стана незамислив. Во Америка и Јапонија речиси и да нема дом, канцеларија или јавна институција што не се лади.

Но, во Европа, ситуацијата е сè уште поинаква – Европејците се спротивставуваат на климатизацијата во многу поголем процент. Не за долго ако се земат предвид минатогодишните бројки кои покажуваат дека топлотниот бран однесе животи на повеќе од 60.000 жители на овој континент. Во некои европски земји бројот на клима уреди е значително зголемен во однос на почетокот на деведесеттите години на минатиот век. Сепак, сè уште се помалку оние кои имаат климатизери. Примери се Франција и Холандија, каде што бројот на домаќинства со климатизери на почетокот на 1990-тите беше занемарлив, речиси и да не постоеше, додека оваа бројка се зголеми на околу 10 проценти во средината на минатата деценија.

Иако станува збор за значително зголемување, повеќето од нив се уште немаат клима уред. Гледајќи низ целиот свет, клима уредите сè уште се значително помалку популарни во Европа во споредба со, на пример, САД и Јапонија, каде што околу 90 отсто од домовите се климатизирани. Тоа секако е последица на некои неклиматски фактори, како што е подобриот стандард – истакнува за Политика, Владимир Ѓурѓевиќ, климатолог и професор на Факултетот за физика во Белград.

Поголемиот број на клима уреди на фасадите во Кина и Индија секако е поврзан со зголемените приходи, бидејќи овие земји го намалија бројот на сиромашни луѓе во последните години. Но, во историјата на некои тропски земји, клима уредите биле моторот на економскиот развој. Така барем рече починатиот премиер на Сингапур Ли Куан Ју. Имено, во едно од последните интервјуа, на прашањето која е тајната на развојот на неговата земја, тој рече – во клима уредите.