На крајот на минатата недела на Берзата поминала блок трансакција со акциите на фармацевтската компанија „Алкалоид“, за сума од близу 40 илјади евра.
Или, попрецизно, во блок тансакцијата одеднаш се продадени 136 акции на ова акционерско друштво по цена од 17.550 денари за акција.
Односно, вкупната вредност на зделката била 2,4 милиони денари, што е рамно на близу 39 илјади евра.
Инаку, на 7 септември кога се реализирала блок трансакцијата со акциите а „Алкалоид“, една акција на ова акционерско друштво на редовното тргување на Берзата, се продавала по цена од 17.325 денари за акција, или нешто помалку од цената по која се реализирала продажбата во блок трансакцијата.