Граѓаните чекаат мерки против поскапувањето, Владата купува време за да ги донесе. Се уште се прават анализи и се консултираат засегнатите од бизнисот.
Кога ќе се дизајнираат, ќе бидат објавени. Или оваа недела или наредната, но можно е и после таа, велат од власта. Бизнисот пак, прв пат за нов пакет мерки слушнал од медиумите. Бараат и тие да бидат вклучени во креирањето, да се слушат и нивните мислења и ставови.
Владата со ребалансот издвои 74 милиони евра за 9 пакет антикризни мерки. Што ќе содржи, не се открива, но најголем дел од парите ќе бидат наменети за субвенции во енергетскиот сектор, како поддршка во сметките за струја, а ќе има и помош за најранливите категории на граѓани.
Со владина одлука ќе се интервенира и кај одредени прехранбени производи. Не се исклучува опцијата замрзнување на цени или ограничување на маржи.