Во вчерашната емисија на ТВ 24 гостуваа министерот за економија Крешник Бектеши како и Горан Рафајловски, Мендерес Кучи и Светлана Пљакоска – претставници на бизнис секторот. Тема на емисијата беше со какви проблеми се соочува стопанството на кои гостите го дадоа своето мислење.
Меѓу другото се зборуваше и за законот за финансиска поддршка на компаниите за кој Рафајловски кажа дека смета оти ништо добро нема да излезе од тој закон и дека стои на тој став.
- Има услови во законот со кој што го ограничувате стопанственикот да мора да има 3 до 4 годишни пресметки позитивни тоа го има во правилникот. Значи воопшто немаме простор за некој што е баш микро односно компаниите кои се мали да земат пари . Исто така 50 % се само ставени на голема врата дека се 50 % инаку никогаш повеќе од 10 % не се од инвестицијата кога ќе пресметате. За техничките грешки на законот не сакам ни да зборувам од типот дека вие мора да обезбедите 25 % средства за да Владата инвестира во вас 50 % додека другите 25 % веројатно ќе ги побарате од Господ. На крајот сметам дека основната работа која што страшно ја ветуваа во коморите а тука и нас како дел од коморите се критикувам воедно и јас затоа што сум коморски човек со години, во планот на коморите беше да се изготви стратегија за развој на Р. Македонија една година помина ниту е почната ниту се има идеја да се почне.
Рајфаловски го има истото мислење за законот за финансиска поддршка како и повеќето експерти кои го критикуваат законот кога излезе и кога се подготвуваше. Имено, експертите кажуваат дека овој закон е скроен за големите компании да ги земаат средствата додека малите и оние кои им треба најмногу финансиска помош се изоставени. Голем дел од експертската јавност изјави дека ова е закон за фирмите блиски на Заев и фамилијата и секако Анѓушев да ги земат поголемиот дел од средствата.