Финансии 12.09.2023 11:39

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.

56 проценти), потоа на трошоците за постапување со отпад (29. 96 проценти) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (24. 94 проценти). Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.

Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64. 76 проценти, а за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина 35. 24 проценти.

ДЗС регистрира дека од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 485 874 000 денари, односно 57. 21 процент.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 42. 36 проценти се наменети за инвестиции, а 57. 64 проценти се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85. 18 проценти.