Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук во целост го објави Договорот за промена на името кои го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.
-Прочитајте го внимателно катастрофалниот договор за промена на името. Договорот го објавувам во оригинал на англиски јазик како што е потпишан со цел власта да не манипулира со преводот. Прочитајте!, напиша Николоски во објавата.
Договорот меѓу Атина и Скопје за ново име на Македонија беше потпишан на 17. јуни на грчкиот дел од Преспанското езеро, по спорот долг 27 години. Според договорот, новото име на Македонија ќе биде „Република Северна Македонија“.