Банкарство 19.09.2023 10:15

Бундесбанк: Економијата ја кочат потрошувачката и проблемите во индустријата

Бундесбанк: Економијата ја кочат потрошувачката и проблемите во индустријата

Германската централна Бундесбанк оцени дека прогнозите за германската економија стануваат сè помрачни, најмногу поради слабата лична потрошувачка на граѓаните и тешкотиите во индустријата.

„Германските економски перформанси веројатно ќе се намалат благо и во третиот квартал на 2023 година“, проценува Бундесбанк во редовниот месечен извештај што го презентираше во понеделникот.

Кога граѓаните ќе почнат да трошат повеќе? Не наскоро, оценката се должи на постојано високите поскапувања. Речиси е невозможно да се смета на видливи позитивни импулси во личната потрошувачка, се вели во извештајот.

И покрај одреденото забавување на инфлацијата, силниот раст на платите и добрата состојба на пазарот на трудот, приватните домаќинства продолжуваат да трошат воздржано, оценуваат економистите на Бундебанк.

Во август, годишната инфлација во Германија од 6,1 отсто беше едвај малку пониска од јулската, која изнесуваше 6,2 отсто.

Таканаречениот хармонизиран потрошувачки индекс (HVPI), кој Европската централна банка го користи како репер за својата монетарна политика во еврозоната, во август во Германија изнесуваше 6,4 отсто.

Сепак, Бундесбанк очекува дека и стапката на раст на цените според HVPI и базичната инфлација, која не ги вклучува цените на енергијата и храната, ќе паднат во наредните месеци.

„Сепак, поради силниот раст на платите, стапката на инфлација веројатно ќе остане далеку над два отсто на среден рок“, соопшти централната банка.

Упатството на Европската централна банка за инфлацијата за земјите во еврозоната е до два проценти.

Германската индустрија трпи и последици од значителното зголемување на цената на енергијата и суровините.

„Покрај воздржаноста во личната потрошувачка, германскиот економски раст е под влијание на сè поинтензивните слабости во индустријата“, се наведува во месечниот извештај. Скромните и уште помали нарачки, како и топењето на постоечките резерви на нарачани работни места во индустријата, се повеќе се чувствуваат, објави Бундесбанк.