Живот 29.09.2023 09:00

Исланд најбезбедна земја на светот, каде на листата е Македонија

Исланд најбезбедна земја на светот, каде на листата е Македонија

Според Глобалниот индекс на мир (GPI) за 2023 година, кој секоја година го составува Институтот за економија и мир (IEP) со седиште во Австралија и САД, го рангираше Исланд за најбезбедна земја на светот.

Податоците беа собирани во 163 земји.

Глобалниот Индекс на мирот за 2023 година покажува дека Исланд, Данска и Ирска во моментов се најмирните земји во светот, а најлоша ситуација владее во Авганистан, Јемен и Сирија.

Македонија е рангирана на 38-та позиција, со индекс од 1.713. За споредба, првопласираниот Исланд има индекс од 1.124, додека најниско рангираниот Авганистан има 3.448.

Меѓу другите земји од Балканот, најдобро рангирана е Словенија на 8. позиција, Хрватска на 14. позиција, Албанија на 40 место, Црна Гора на 45, Босна и Херцеговина на 61. место и Србија на 65 место.

САД се наоѓа на 131-та позиција, Кина на 80, додека Русија се наоѓа на 158 позиција.