Перуанските власти разговараат за начините за зачувување на глечерот за кој се верува дека е оддалечен извор на реката Амазон, соопшти перуанската влада.
„Со цел да се зачува областа од каде што извира Амазон, најголемата река на планетата, властите на провинцијата Арекипа ги координираат активностите за да се избегне губење на еден од главните извори на вода“, се вели во соопштението.
Разговорите се однесуваат на планинскиот врв Мисми, каде е изворот на Амазон. Врвот ја загуби ледената покривка пред неколку години, поради климатските промени, кои го зафаќаат целиот планински венец на Чиле.
Во еден од своите предлози, Владата размислува за формирање заштитено подрачје околу Мисми. Активистите за животна средина ќе одржат серија состаноци со перуанското Министерство за заштита на животната средина на оваа тема.