Актуелно 06.07.2018 09:44

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните едвај преживуваат, а економското трио брои милиони на своите сметки

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните едвај преживуваат, а економското трио брои милиони на своите сметки

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Македонија тоне на сите полиња, додека Владата на СДСМ донела милиони евра за фирмите на Заеви и криминалниот картел во власта.

„Нула проценти раст на БДП за 2018 година и очајни 0.1 проценти раст на БДП во првиот квартал од 2018 година. Ова се резултатите од неспособноста и неработењето на црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев. Додека цела Европа доживува економска ренесанса, Македонија полека, но сигурно се движи кон мрачните времиња на криминалната транзиција. Секојдневно сме сведоци на протести на земјоделци и вработени кои со месеци не земале плата како во мрачните 90-ти“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, црното економско триo ги брои милионите на своите сметки, од плантажите со марихуана, разни сомнителни тендери и трансакции, граѓаните се на работ на егзистенцијата.

„Нема просечна плата за граѓаните од 500 евра, нема плата од 100 илјади денари за докторите, а покрај покачената акциза се најавуваат повисоки даноци и давачки. Ниту еден капитулантски договор нема да го подобри животниот стандард на граѓаните. Ниту едно понижување на меѓународен план нема донесе живот во Македонија. Откажувањето од се што е македонско, македонскиот идентитет, јазик, историја и македонското малцинство од соседството, нема да ги плати сметките на граѓаните на крајот од месецот“ се наведува во соопштението од партијата.

Граѓаните во недела во Струмица, како што порачуваат, имаат можност и ќе и кажат доста на оваа ненародна власт.

„ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица. Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи!“ се додава во соопштението.