Нема сомнеж дека вештачката интелигенција успеа да продре во разни сфери од општеството и работењето, а конкретно на платформата „Spotify“ – бројот на музичари кои заработуваат повеќе од 1.000 долари годишно од авторски права – во последните шест години е повеќе од дуплиран.
Оние кои заработуваат повеќе 10 милиони, денес ги има пет пати повеќе отколку во 2017-та година.
Во склад со тоа како содржините кои ги генерира „AI“ го преплавиле шоубизнисот, познатите се загрижени дека нивната слава ќе пропадне, но ефектот повторно ќе биде спротивен, смета „The Economist“, бидејќи ѕвездите како и во минатото, од новата технологија ќе имаат најголема корист.
Во текстот пишува дека Холивуд практично бил парализиран од штрајкови се до 8-ми ноември, кога студијата се согласиле да им понудат на актерите и сценаристите заштита од роботите ривали.
Имено, познатата актерка Скарлет Јохансон ги тужеше технолошките компании поради користење на нејзините зборови и фотографии.
Меѓутоа, „The Economist“ понатаму пишува дека, иако ѕвездите стравуваат дека вештачката интелигенција може да им ги украде работите, токму тие би можеле најмногу да профитираат од неа.
Не е новост дека технологијата ги менува правилата на играта на славните. За нив почнало да се пишува уште во 18-тиот век, во што помогнало ширењето на писменоста и читањето, а филмот и радиото на почетокот се сметале за закана.
Но, како што знаеме, тие технологии подоцна ја отвориле ерата на суперѕвездите, израз кој се „одомаќинил“ веќе во 1920-тите години. Слична реакција предизвикала и телевизијата, која довела до голем штрајк во Холивуд во 1960-тите, иако тогаш било утврдено дека новата технологија ги направила познатите уште попознати.
„AI“, се додава, на тие ѕвезди ќе им ја зголеми можноста навистина да бидат сеприсутни. Синхронизацијата со помош на вештачка интелигенција веќе им овозможила на актерите и подкастерите да разговараат на странски јазик во реално време, и тоа со својот глас.
Наскоро ќе стане стандард и видеото да се монтира така што движењето на усните во него да одговара на тоа што се зборува, со 100-процентно поклопување.
Дополнително, вештачката интелигенција ќе им овозможи на ѕвездите да настапуваат во формати кои допрва се појавуваат.