Порталот „Пари“ ги објави 100-те најголеми поединечни работодавачи во Македонија за 2022 година. Анализата на повеќе економски податоци укажува дека согласно бројот на вработени, приредувачите на игри на среќа во казина, автомат клубови и обложувалници, вкупно земено, се најголемиот приватен работодавач во државата.
Според асоцијациите и здруженијата кои ги претставуваат, во сите приредувачи на игри на среќа се вработени речиси 10.000 луѓе, индиректно се подржуваат меѓу 54.000 и 100.000 други работни места од дејности кои остваруваат профит токму благодарение на оваа економска дејност. На пример, бројката на вработени во игрите на среќа е еквивалентна на вкупниот број жители во Берово и во Пехчево, два цели града во источна Македонија. Низ призма на статистика овие податоци упатуваат на заклучокот дека помножено со просечниот број на членови во едно македонско семејство, може да се каже дека безмалку 200.000 луѓе во Македонија имаат директен или индиректен бенефит од индустријата игри на среќа. Не смее да занемарува податокот дека работодавците во автомат клубовите и казината исплаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос, со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени бидејќи работното време е 24 часа, 7 дена во неделата.
Само Групацијата Новоматик во која влегуваат компаниите кои во Македонија го претставуваат австрискиот капитал во оваа дејност, како Казино Фламинго во Скопје и во Гевгелија, автомат клубовите Адмирал, Астра и Апекс, вработува 2.100 луѓе, што е повеќе од Џонсон Мети Македонија, па дури и од нафтениот гигант Макпетрол.
Важно е да се напомене дека во индустријата игри на среќа работат високо профилирани кадри кои поминуваат врвни обуки и сериозно се инвестира во нивната професионална надградба што ги прави конкурентни на пазарот на работна сила во ЕУ и светски рамки. Групацијата Новоматик е присутна на македонскиот пазар веќе 17 години и досега има инвестирано 124 милиони евра и дополнително е во процес на тековни инвестиции во вредност од 30 милиони евра. Со долгорочните договори за закуп на деловни простории за автомат клубови директно се остварува позитивно влијание и во пазарот со недвижности. Компаниите манифестираат висок степен на општествена одговорност преку многубројни донации во јавното здравство, образовниот сектор, хуманитарни и донаторски активности, спонзорства на домашните спортски клубови и поединечни спортисти. Доволно е само да се спомене дека за време на ковид пандемијата Казино Фламинго хотелот во Гевгелија беше отстапен за карантин, а целата групација донираше болнички кревети и други медицински средства во јавното здравство во висина од 200.000 евра. Истовремено, нивните постојани маркетиншки кампањи се значителна поддршка за македонските медиуми.
Целата индустрија игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во државниот Буџет, што ако ја земеме буџетската проекција на Министерството за финансии за тековната 2023 година, тогаш овие приходи зафаќаат 6 проценти од буџетските планирани приходи. Приредувачите на игри на среќа плаќаат посебна давачка во вкупен износ од 23 проценти, од кои 1,5 проценти одат за потребите на јавното здравство, 1,5 проценти се слеваат во Агенцијата за млади и спорт, додека со другите 20 проценти располага Министерството за финансии. Приредувачите на игрите на среќа плаќаат и дополнително годишен надомест за секоја издадена лиценца која во строго дефинирана законска процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата. На ова се додава и обврската за годишен данок на добивка по стапка од 10 проценти, плус 15 проценти данок за секоја остварена добивка од играње игри на среќа. Државниот Буџет се полни од игрите на среќа и преку оданочување на закупнини за деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги, за кое приредувачите се исклучени да бараат поврат. Само од годишните приходи од игрите на среќа секоја година во различни општини во Северна Македонија може да се градат десетици најмодерни градинки, училишта, болници и спортски комплекси.
Неспорен факт е дека игрите на среќа се сериозен двигател за македонската економија и најголем работодавач во приватниот сектор. И тоа не е случај само во Македонија, туку речиси во целиот регион. Ригидните политики и евентуално затворање на легалните објекти на игри на среќа, како што заговараат критичарите, ќе предизвика сериозен удар и штети на македонската економија.