Хонда повлекува речиси 250.000 возила поради дефект во производството што може да го оштети моторот, јавува Си-Ен-Ен.
Според известувањето што производителот на автомобили го поднесе до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во четвртокот, дел од моторите на моделите Акура и Хонда е неисправен и може да предизвика „неправилно функционирање или застој на моторот додека возите, зголемувајќи го ризикот од пожар, судар или повреда“.
Повлекувањето ги вклучува моделите Акура ТЛХ 2015-2020 и МДХ 2016-2020. Потенцијално се погодени и Хонда Одисеј од 2018 и 2019 година, Пилотс од 2016, 2018 и 2019 година и Риџлајн производени помеѓу 2017 и 2019 година.
Ова е 14-то повлекување автомобили на Хонда оваа година и петто најголемо досега. Со ова отповикување, бројот на возила на Хонда повлечени во 2023 година е повеќе од три милиони.
Хонда соопшти дека сопствениците ќе бидат известени со писмо на почетокот на јануари и дилерите ќе ги проверуваат, поправаат и заменуваат моторите бесплатно.
() ()