Попустите и намалуваањата за таканаречениот „Black Friday“ ширум светот привлекуваат огромен број клиенти, а еве како „Black Friday“ го добил името.
Како од сите страни да слушаме за шопингот за „Black Friday“, сите се подготвуваат викендов да си ги отворат чантите и да се почестат со нова гардероба, техника или подароци за претстојните празници.
Но, што е „Black Friday“? И зошто се вика така? Има две објаснувања за прекарот на денот на кој официјално започнуваат празничните попусти и намалувања.
Според првата теорија, името „Black Friday“ првпат било употребено во 1960-тите во Филаделфија. Еднаш годишно во тој град се одржувал традиционален натпревар во американски фудбал меѓу припадниците на армијата и морнарицата. Организаторите секогаш „темпирале“ мечот да биде во сабота по Денот на благодарноста, кој се паѓа во четврток на крајот на ноември.
Илјадници туристи ќе се подготват за Филаделфија ден пред натпреварот, да го обиколат градот, да пазарат пред празниците и да се забавуваат. Локалните трговци секогаш се подготвувале за наплив на купувачи и пониски цени за да ги привлечат што е можно повеќе.
Полицијата во Филаделфија едвај успевала да се справи со толку многу туристи кои во петок испиле неколку чаши повеќе, што се создавало метеж на улиците и во сообраќајот, но и несреќи, ситни кражби, тепачки… По неколку години интерно името за Ден пред натпреварот меѓу полицајците во Филаделфија бил наречен „Black Friday“.
Според друга теорија, овој шопинг „празник“ на крајот на ноември го добил името по економски термин од англискиот јазик. Кога трговецот е „во црно“, тоа значи дека има доволно приходи да ги покрие трошоците и дека можеме да си дозволиме да ја спуштиме цената.
Инаку, „Black Friday“ започна низа придружни празници во денешното потрошувачко општество, па тука е и „Small business Saturday“, односно сабота кога клиентите треба да го посветат своето внимание и пари на локалните, мали трговци. А „Cyber Monday“ е денот кога цените во онлајн продавниците се намалени! ()