Живот 23.11.2023 12:28

Ecotip влегува во стратешко партнерство со светскиот гигант Solis во секторот на соларната енергија

Ecotip влегува во стратешко партнерство со светскиот гигант Solis во секторот на соларната енергија

Ecotip, познат како иновативен и динамичен играч на пазарот, влегува во стратешко партнерство со Solis, гигантот на светскиот пазар на фотоволтаички инвертери. Нивниот стремеж кон одржливост и иновации е очигледен, а сега, со ова ново партнерство, нивната мисија за трансформација на енергетскиот сектор добива уште поголема тежина.

Во предстојното ексклузивно интервју со Bloomberg, Solis ќе ги истакне аспектите и влијанието на ова партнерство, потврдувајќи го нивниот заеднички цел за иновација и одржлив развој. Тие имаат амбициозни планови за продлабочување на своeто влијание и преку Екотип да имаат водечка улога во секторот на обновливи извори на енергија, особено во Југоисточна Европа.
Да се биде дел од тимот на Solis е уште еден чекор кон мисијата на Екотип за ширење на мрежата на исклучително влијателни стратешки не само во Македонија туку и од Македонија низ поширокиот регион.

Важно е да се нагласи дека Ecotip не само што е предводник во енергетската транзиција, туку и активно вработува и поддржува најуспешни млади таленти во земјатс, поттикнувајќи го нивниот развој и иновации во секторот за оддржливи енергетски решенија. Нивната стратегија вклучува креирање на силна основа на млади професионалци, што ги прави не само лидери во индустријата, туку и во образованието и развојот на млади таленти.

За повеќе од 25 години, Ecotip е препознаен како лидер на пазарот, не само во Македонија туку и низ цела Европа, а и пошироко со значајни партнерства и референци во најважните индустрии. Ова е уште една е потврда на нивниот непрекинат стремеж кон иновација и одржлив раст.

()