Не е ова тоа за што се надевавте и за што нашите сограѓани кои го поддржаа СДСМ и сакааа да го казнат ВМРО ДПМНЕ гласаа, рече денеска пред струмичани по протестниот марш претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој се осврна на економскиот понор во кој е влезена Македонија.
-Се случуваат потфрлања во секоја област. Економијата е силно срозена, сиромаштијата се зголемува. Државата пропаѓа. Младите се иселуваат. Струмица е град со богата историја и луѓе еснафи. Но и место кое најдобро го чуствува немилосрдното разграбување и тешкиот живот. Земјоделието кое тука е основна дејност, добро знаете дека крахира. Гледам меѓу вас и луѓе кои со децении работат земјоделие. Многу од вас знаат дека во земјоделието никогаш не било полошо.
Мицкоски спомена неколку работи поврзани со земјоделието – зелената нафта, ДДВ за сточна храна, пари за земјоделието.
-Ја нема зелената нафта која ја ветуваа, но затоа акцизата за горива ја зголемија, а слушаме дека од утре не очекува рекордна цена за горивата. Па после ќе речат го наполниле буџетот – го наполниле со вашите пари. На едниот единствен оглас од ИПАРД од 1600 апликанти склучени само 4 договори, не само што не е забразана туку е и забавена постапката. Намалување на ДДВ-то за сточна храна од 18 на 5% никаде го нема, а го ветуваа пред изборите. Има помалку пари од владата за земјоделието. Во премии за осигурување за земјоделците од милијарда и сто милиони денари средствата се намалени на само илјада денари.-За секторот сточарство од 10 милиони денари ставката е намалена на илјада денари.- Избришани се и средствата за помош од елементарните непогоди за 2016 година од вкупно 62 милиони на 2 илјади денари. Дали ова се реформите кои ги ветуваа и животот кој требаше да дојде за граѓаните во Република Македонија.
Во изминатата година видовте дека не можат и не знааат, рече Мицкоски и додаде дека веќе не држат оправдувањата дека ова што е денес е резултат на тоа што било пред една или повеќе години.
-Луѓето во минатото имале своја причина да го казнат ВМРО-ДПМНЕ, или да гласаат за СДСМ. Јас ги разбирам зошто гласале како што гласале, и тие имаат свои аргументи затоа, од кои ние како политичари мора да извлечеме поука. Но, факт е дека ова што се случува не е тоа за што гласале нашите граѓани, тие сигурно не гласале за нула нови работни места, за барање изговори зошто не им оди, а ветуваат дека за 6 месеци чуда ќе се случуваат, не гласаа за криминалот кој го гледаме, за младите да го интензивираат иселувањето, за недавањето на повисоки плати и пензии, за распродажбата на националните интереси, двојазичноста и промена на името со капитулантскиот договор. Тоа е факт. И затоа граѓаните не може да се виновни за грешките на политичарите или заради тоа што верувале еднаш на едни, другпат на други политичари кои во некој дел ги изневериле нивните очекувања.
На Македонија ѝ е потребен нов тип политичари, професионални, посветени и одговорни луѓе, кои се докажале во различни области, кои остваруваат ветувања, и кои нема да го изневерат народот, а не политичари од кариера, кои ветуваат а не исполнуваат, кои го манипулираат народот. Затоа ние ветуваме борба на политичари кој со разни трикови ќе е поумешен да продаде нешто што го стекнал самиот, туку борба на концепти. Нашата програма ја изработуваат професионалци, од дома и странство, на странци, но, и Македонци од дијаспората, но и исуства од народот, од вас. За две недели од сега го започнуваме работното лето наречено Лето за Македонија.