Македонска берза изработи сервис за податоците за вредноста на уделите и приносите на отворените инвестициски фондови, коио се објавуваат на нејзината веб-страница. На едноставен начин, со класичен http request може да се пристапи до структуирани податоци за инвестициските фондови во JSON или XML формат.
Податоците од овој нов сервис на Берзата се достапни без надомест.
За да се добиваат податоци, потребно е да се пополни формуларот за регистрација кој го има на https://feeds.mse.mk/
По извршената регистрацијата, се добива електронска порака насловена MSE DATA FEEDS, со линк за потврда на направената регистрација. Откако ќе се направи и тој чекор, повторно пристига е-порака во кој ќе биде наведен и токенот за пристап до податоците. Исто така, во оваа порака е содржан и линк до деталната техничка спецификација на сервисот.
За повеќе детали во врска со користењето на овој сервис на Берзата, заинтересираните можат да се обратат преку е-маил адресата: mse@mse.org.mk. ()