Финансии 21.02.2024 08:07

Прилепска пиварница во два дена откупи 200 сопствени акции

Прилепска пиварница во два дена откупи 200 сопствени акции

Прилепската пиварница вложува во сопствената ликвидност и ги зајакнува позициите со откуп на акциите што ги емитувала. Два дена по ред, инвеститорската јавност преку Македонска берза се информра дека Пиварницата со откуп стекнала по сто свои акци.

„Согласно член 34 ‘Објавување во врска со капиталот’ од Правилата на котација на Македонска берза на хартии од вредност ад Скопје, а врз основа на донесената Одлука на Собранието на акционери на Прилепска пиварница ад Прилеп за стекнување сопствени акции со откуп бр. 0201-394/11 од 31.05.2023 година, известуваме дека Прилепска пиварница ад Прилеп на ден 16.02.2024 година се стекна со 100 сопствени акции“, пишува во објавата, која е иста како и вчерашната, различен е само датумот на кој е направена трансакцијата (15 февруари).

Во тој контекс е наведен и податокот дека сега Друштвото поседува 288, односно 0,72 проценти од вкупниот број акции.

И на крајот од минатиот месец од Прилепска пиварница објавија дека направиле откуп, но тогаш се работеше за три сопствени акции, со кои сопственоста изнесуаше 0,22 отсто.

Практика е компаниите кои располагаат со вишок средства да вложуваат самите во себе преку купувањето на сопствените акции. Придобивките од тоа се повеќекратни. На тој начин ја поттикнуваат побарувачката, што има влијание врз вредноста на акциите. Исто така, ја зголемуваат ликвидноста, се зголемуваат индикаторите за успешното работење… Освен тоа, откупот на сопствени акции се рефлектира врз сите акционери, затоа што ја дава можноста, покрај редовната дивидена, да се добие дополнителен поврат.

()