Оваа година Грција очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет. Како што е познато, светската економска клима не беше поволна за туристичкиот сектор. Инфлацијата остави белег на сè, вклучувајќи ги и трошоците за одмор.
Цените на туристичките аранжмани за Грција, според шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау, годинава се за 20-30 отсто повисоки во споредба со претходните години. Сепак, интересот не стивнува, што говори за неспорниот квалитет и убавина што ги нуди оваа земја.
„За оние кои планираат патување на Халкидики, важно е да се напомене дека, според проценките, за едно четиричлено семејство дневните трошоци за живот ќе бидат околу 40 до 50 евра“, рече шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау за B92.net.
Иако цените на пакетите се повисоки поради глобалната инфлација, очекувањата се големи и се укажува на уште една успешна туристичка сезона во Грција. ()