Социјалната мрежа Икс неодамна ја укина можноста за регистрирање на корисници со телефонски броеви на косовските оператори.
На ситуацијата први укажаа корисници на мрежата, наведувајќи дека се отстранети Косово како држава и повикувачкиот број +383.
Многу корисници се обиделе да ги регистрираат своите нови профили користејќи ги броевите на косовските оператори, но без успех.
Косово го нема ниту на списокот на земји во опциите за промена на телефонскиот број во корисничкиот профил при регистрација.
Корисниците од територијата на Косово отсега можат да се регистрираат со помош на повикувачкиот број на Србија.
Оваа одлука наиде на различни реакции кај корисниците, а сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, презеде конкретни чекори за спроведување на промените.
Twitter has removed #Kosovo as a state or at least Kosovo's prefix +383 @TwitterSupport @elonmusk pic.twitter.com/PsTAgAuRU6
— Armend Krasniqi (@Armendi) December 19, 2022
()