Економија 13.07.2018 11:37

ЕК: Грчката економија ќе продолжи да закрепнува во наредните години

ЕК: Грчката економија ќе продолжи да закрепнува во наредните години

Европската комисија прогнозира дека грчката економија ќе забележи раст од 1,9 отсто во 2018 година и 2,3 отсто во 2019 година (во споредба со 1,4 отсто
во 2017 година), објави АНА-МПА. Економските проекции на ЕК остануваат непроменети од претходните објавени во мај, пренесе МИА.
Инфлацијата во Грција се очекува да изнесува 1,1 отсто во 2017 година, 0,7 отсто во 2018 година и 1,9 отсто во 2019 година.
Во извештајот на ЕК се нагласува дека грчката економија забележала силен старт во првиот квартал на 2018 година и се додава дека „по успешното завршување на програмата на
Европскиот механизам за стабилност се очекува економското заздравување да продолжи и во наредните години, под услов да се исполнат обврските за реформи“.
Според податоците на ЕК, реалниот БДП се зголемил за 0,8 проценти во првиот квартал на 2018 година, што одговара на годишен раст од 2,3 проценти. Тоа, според Комисијата, потврдува дека забавувањето на растот до 0,2 отсто во последниот квартал на 2017 година било
привремено и дека Грција всушност следи нагорен тренд.
Во првиот квартал од 2018 година, растот бил поддржан од нето-извозот, што придонесол за раст на БДП од 1,4 процентни поени. Приватната потрошувачка забележала пораст за првпат од 2016 година наваму, но придонесот и е компензиран со намалување на јавната