Осум инфлуенсери на TikTok поднесоа тужба против американскиот закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако не се продаде на американска компанија. Инфлуенсерите велат дека на овој начин би ги изгубиле изворите на приходи, а со тоа и егзистенција.
Тие, исто така, велат дека законот навлегува во првиот амандман на САД, нарекувајќи ја загриженоста на пратениците „шпекулации“ и потсетувајќи дека судовите претходно блокирале некои обиди за забрана на TikTok.
Судот сериозно го сфаќа потенцијалното прекршување на Првиот амандман, но креаторите ќе мора да го убедат дека одвојувањето на TikTok од кинеската компанија ByteDance е поважно од прашањето за националната безбедност, за кое Белата куќа верува дека е загрозена.
Инфлуенсерите, меѓу кои Брајан Фајрбоу, Талија Кадет и Тимоти Мартин, истакнуваат дека TikTok се разликува од другите слични апликации поради можноста за изразување и дека не постои таква платформа на која можат да се „преселат“.
Тие ги претставуваат ефектите и алгоритмот на TikTok како „уникатни“, и сметаат дека „објавувањето видеа на TikTok е посебна форма на изразување, а содржината објавена на овој начин има поинакво значење од која било друга“.
Значи, генерално, нивниот аргумент е дека TikTok им служи за изразување, но и за заработка, и тие бараат од Апелациониот суд да го прогласи за неуставен законот што го принудува ByteDance да го продаде TikTok.