Ќе се менува Статутот на најстарата и една од најголемите банки во земјава, Стопанска банка Скопје. Наместо четворица, Управниот одбор на оваа банка ќе брои седум членови.
Тоа е одлука која била усвоена на акционерското Собрание кое се одржа во петокот минатата недела, а која банката ја објави за инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Всушност, акционерите усвоиле статутарна одлука за изменување на Статутот на Стопанска банка Скопје, според која се менува членот 43, и отсега па натаму тој ќе гласи дека „Управниот одбор на Стопанска банка Скопје се состои од седум члена и тоа првиот е генерален извршен директор на банката и претседател на Управниот одбор, како и шест генерални директори, односно генерален директор за корпоративно банкарство, генерален директор за управување со ризици, генерален директор за банкарство на мало, генералкн директор за финансии, генерален директор за оперативни работи и генерален директор за трансформација и стратегија“.
Натаму, како што се вели во документот, членовите на УО се именуваат со одлука на Надзорниот одбвор на СБ со мандат од четири години и со право на реизбор. Со одлуката за именување членови на УО, членот именуван за генерален извршен директор се именува и за претседател на Управниот одбор.
„Секој од членовите на УО е законски застапник на СБ и СБ во било кое време ја застапуваат двајца членови на УО, од кои еден задолжително треба да бид Генералниот извршен директор, односно претседателот на УО. Во случај на негово отсуство, тој може да го пренесе ова право само на друг член на УО“, се вели вио членот 43 од Статутот кој е предмет на промената.
Генералниот извршен директор и претседател на УО ја претставува СБ пред трети лица и јавноста. Начинот на претставување на СБ подетално ќе биде утврден со деловникот на Управниот одбор.
Се менува и членот 50 кој сега ќе гласи дека лица со посебни права и подговорности во СБ се членови на Надзоребн одбор, членови на Управен одбор, Одбор за управување со ризици и Одбор за ревизија, а ќе има и работници со посебни права и одговорности.
Инаку, во своето Образложение зошто се прави ваква Статутарна промена, од Стопанска банка објаснуваат дека постојниот Статут на банката е донесен во 2001 година, а оттогаш е менуван повеќе пати во законски предвидена постапка и е одобрен од гувернерот на НБМ.
„Предложените измени во оваа статутарна одлука се однесуваат на измените во член 43 кои се однесуваат на големината и составот на Упреавниот подбор. Големината на УО како и на другите органи на банката е утврдена со аконот за банки. Во таа насока, во рамките на Законот, се предлага постоечката големина и состав на УО да се зголеми од четири на седум членови. Составот на одборот, односно воведувањето на генерален директор за финансии, генерален директор за оперативни работи и генерален директор за трансформација и стратегија е со цел дополнително да се зајакне финансиската експертиза, подобро да се насочи поделбата на должностите на највисоко ниво и да се воведат нови позиции, поради брзиот развој на деловната околина. Генерално, вклучувањето на горенаведените генерални директори во УО има за цел да го зајакне управувањето, да ја подобри ефективноста на одборот, да ја големи севкупната ефикасност на одлучувањето и ефективноста во создавањето на одржлив раст и вредност за банката и сите засегнати страни“, се вели меѓу другото во образложението од банката за оваа статутарна промена.
Нашите сознанија, пак, говорат дека овие промени во оваа наша најстара и една од најголемите банки во земјава, би можела да предизвика промени и во Управниот одбор на една друга голема банка во земјава, но засега тие информации се во зоата на шпекулациите и не се официјално објавени од двете банкарски институции.
Како што е познато, банките се најпрофитабилни акционерски друштва во земјава.
Трите најголеми банки, пак, за минатата година прокнижија профити од по над 50 милиони евра.