„ОпенАИ“ објави дека лансираше нов модел со вештачка интелигенција наречен ГПТ-40, како и ажурирања кои вклучуваат нова десктоп услуга и унапредувања на способностите на неговиот гласовен асистент. Шефицата на технолошкиот оддел на компанијата Мира Мурати кажа дека новиот модел е чекор напред во вештачката интелигенција.
„Новит модел ќе биде побрз и бесплатен за сите корисници. Гледаме во иднината на интеракцијата помеѓу нас и машините. Сметаме дека ГПТ-40 ја менува таа парадигма“, изјави Мурати.
Меѓу ажурирањата што „ОпенАИ“ ги претстави вчера се подобрените квалитет и брзина на меѓународните јазични способности на ЧетГПТ и можноста за поставување слики, звучни и текстуални документи за моделот да ги анализира. Компанијата соопшти дека постепено ќе ги испорачува функциите за да се осигура дека тие се користат безбедно.
Настанот вклучи демонстрација на новите гласовни пособности на моделот, при што двајца истражувачи на „ОпенАИ“ разговараа со него. Гласовниот асистент создаде приказна пред спиење за љубовта и роботите, при што истражувачите му кажаа да зборува со различни емоционални и вокални флексии. При друга демонстрација, на моделот со вештачка интелигенција му беше покажана математичка равенка, а потоа гласовниот режим на ЧетГПТ ги насочи како да ја решат.