До крајот на годината, според календарот од Министерството за финансии, се предвидени две аукции за граѓански обврзници – една во септември и една во декември. Покрај тоа, планирани се и по две аукции месечно за државни хартии од вредност во форма на обврзници и записи. Точните суми кои ќе се понудат на овие аукции сè уште не се објавени во календарот.
Истовремено, до крајот на годината, Министерството за финансии ќе треба да исплати вкупно 480 милиони евра за претходно издадени државни хартии од вредност. Само во следниот месец, се очекува исплата од 113,3 милиони евра, додека во ноември ќе доспеат уште 107 милиони евра.
Гордана Димитриеска Кочоска, која ги презеде функциите на нова министерка за финансии, на 20 јули ќе ги има првите обврски кон граѓаните кои запишале обврзници лани, со камата од пет отсто и рок на доспевање од две години. Од ланските две аукции, државата успеа да обезбеди 41,2 милиони евра.