Нафтената компанија „Пуцко Петрол“, во сопственост на градоначалникот на Пласница од ДУИ, Исмаил Јаовски, ги добила навредните општински тендери во 2017 година. Од 29 договори кои ги склучила со општините минатата година, „Пуцко Петрол“ заработила 3 милиони евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Оваа фирма добила 3,7 проценти од општинските тендери. Намногу договори склучила со општините на Гостивар, Битола и Штип.
Втора по ред фирма која ги ќарила највредните договори е градежната компанија „Бауер БГ“. Оваа фирма склучила 13 договори со локалните самоуправи, во вкупна вредност од 2,3 милиони евра.
По неа следи Друштвото за градежништво, трговија и услуги НБ-Цомпану ДОО Тетово.
Фирмите со најмногу договори за јавни набавки се „Макпетрол“ со 39 договори, „Рики јуниор“ од Кочани, со 35, и „Пуцко Петрол“ со 29 договори.
Базата на податоци за јавните набавки на општините покажува дека Општините за јавни набавки минатата година потрошиле вкупно 80.000.000 евра, што е за 44% помалку од претходната година.
Од Центарот за граѓански комуникации велат дека базата открива голем јаз помеѓу вредноста на набавките на општините.
„Само десет општини потрошиле за јавни набавки половина од парите што ги трошат сите општини заедно, односно околу 42 милиони евра. И кај фирмите е забележана истата концентрација. Првите десет фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки заедно учествуваат со 22% во вкупната вредност на набавките на општините“, велат од таму.