Во првата половина на оваа година кинеските инвеститори вложиле значително помалку пари во европски компании во споредба со првата половина на 2017-та година. Но германските компании продолжуваат да бидат популарни објекти за продажба, станува јасно од истражувањето на консултантската фирма „EY“.
Поголемиот дел од трансакциите од Кина се случуваат во Германија и Велика Британија, но бројот на купувања е намален од 26 до 22 и во двете земји. Во исто време, бидејќи повеќето зделки во Велика Британија се за помали од претходно суми, обемот на инвестициите во земјата се намалил од 16,2 милијарди долари на 600 милиони долари. Во Германија, сепак е регистрирано зголемување од 6,7 на 9,9 милијарди американски долари, што главно се должи на влегувањето на кинескиот производител „Geely“ во „Daimler“ со договор со предвиден обем од 8,9 милијарди долари.
Земјите на ЕУ имаат најголем број купувања од Кина во првата половина од 2018-та година и е исто во споредба со истиот период од минатата година
Во Франција бројот на трансакциите отскокнува од 10 на 13, додека во Италија се намалува малку – од 12 до 11.
И така – од 14,9 милијарди долари потрошени од кинески инвеститори за инвестиции и превземања на вкупно 111 компании во Европа во разгледуваниот период, 9,9 милијарди долари отпаѓаат на вложувања во 22 германски компании. За споредба, во првата половина на минатата година кинеските инвеститори вложиле 31,6 милијарди долари во 126 европски компании, од кои 26 во Германија.
Најголемата зделка во Европа во првата половина на 2018-та година е влегувањето на автомобилскиот производител „Geely“ во германскиот концерн „Daimler“, потоа следи купувањето на францускиот производител на компјутерски игри „Ubisoft“ од „Tencent“ и се уште незавршеното стекнување на баварскиот автомобилски снабдувач „Grammer“ од „Ningbo Jifeng“.
Во однос на 2016-та година износот на инвестициите паѓа нагло: во првата половина на 2016-та година кинеските инвеститори потрошиле вкупно 72,9 милијарди евра за акции во 176 европски компании.
Во Германија кинеските инвеститори се на четврто место по инвеститорите од САД, Велика Британија и Швајцарија.
Во Европа „растат политичките проблеми и грижи за распродажба на „know-how““, појаснува Си Сон, експерт за Кина во „EY“. Во меѓувреме продавачите често барале високи гаранции при потпишувањето на договор со кинеските купувачи, а за кинеските инвеститори станува потешко да добиваат банкарски гаранции.
Покрај тоа, интересот на купувачите се менува, објаснува тој. Додека стекнувањето на традиционалните индустриски компании се намалува значително, инвеститорите за прв пат се насочуваат значително кон производители на стока за широка потрошувачка. Кинеските инвеститори инвестираат повеќе во секторите за енергија и суровини.