(ФБ статус на Александар Николоски- потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ)
Менуваат име за да крадат!
Изминативе две недели додека јавноста се занимава со промената на името на Македонија и обезличувањето на Македонците, се занимава со тоа дали ќе има и каков ќе е референдумот, како ќе гласи евентуалното референдумско прашање, дали и колку лидерски средби имало, значи во истиов овој период владата на СДСМ и ДУИ безмилосно краде од Буџетот! Една кратка листа на овие кражби:
-Тендер за лабаратории вреден 35 милиони евра со еден понудувач кој ја формирал фирмата само неколку дена пред да почне тендерската постапка
– Кочо Анѓушев Потретседател на Влада кој треба да ја оправа Македонската економија си додели сам на себе 160 000 евра
– Хари Локвенец пратеник од СДСМ си доби 10 милиони денари
– советничка на Заев стопира наплата на фирма ( сеуште има протести пред Влада за тоа) затоа што најверојатно не добила мито
– МЕПСО ќе потроши 350 000 евра за столици од кои не боли грбот и кујни во кои веројатно храната сама се готви, зашто обичен свет за кујна троши 500-600 евра
– во Тетово ќе се гради театар од ни помалку ни повеќе туку 40 милиони евра
– и за шлаг на тортата ќе си купат нови коли вредни 1 700 000 евра
Во меѓувреме ќе замајуваат со името и референдумот. Вистината е дека дојдоа на власт за да карадат! И затоа ден поскоро мора да заминат и за се ова да одговараат! Правдата ќе ги стигне!