Мозаик 22.10.2024 12:57

Дневен хороскоп за 22.10.2024 година

Дневен хороскоп за 22.10.2024 година

Овен 21.03-19.04

Денес ќе имате можност да избегнете некој конфликт дома, но поверојатно е дека ќе изберете да се скарате отколку да ја смирите ситуацијата. Работните обврски „ве притискаат“, но вие не сте многу загрижени. Ако сте во врска, дозволете му на партнерот да ве разгали.

Бик 20.04-20.05

Верувате дека можете да завршите сè во еден ден, но ќе сфатите дека многу работи не зависат само од вас. Ви се случуваат некои промени во домот кои не ви се допаѓаат и покажувате отпор. Ако сте во врска, не го напаѓајте партнерот без причина.

Близнаци 21.05-20.06

Ако сакате да завршите некоја деловна активност, денес е најдобро да работите во група со колегите. Здравјето не ви е најдобро, па не се форсирајте и најдете време во текот на денот за подолг одмор. Близнаците во долга врска размислуваат за брак.

Рак 21.06-22.07

Потребно ви е време само за себе, па саканите и пријателите ќе покажат големо разбирање а вас. Работните обврски ви се наталожуваат, но во моментов не брзате многу да ја завршите работата. Ако сте во брак, можно е да добиете мало изненадување од саканата личност.

Лав 23.07-22.08

Лесно ги контролирате емоциите, но денес некој близок ќе го извлече најлошото од вас, па брзо ќе избувнете. Денот ќе ви биде динамичен и ќе се изморите од тоа што мора да завршите многу работи. Ако сте во врска, доколку можете, поминете мирна вечер со партнерот, на пример гледајте филм и излежувајте се.

Девица 23.08-22.09

Сметате дека заслужувате повеќе на работа, па ќе побарате покачувањ на платата или унапредување. Неопходно ви е движење, па не само денес, туку секој ден пашачете барем по половина час. Ако сте во брак, можно е несогласување со сопругот за пари.

Вага 23.09-22.10

Ќе ги игнорирате советите на некој близок, но тоа ќе се покаже како грешка. Ако работата ви создава несоница, земете неколку дена одмор или почнете да размислувате за промена. Вагите во врска ќе уживаат покрај партнерот, но имаат чувство дека работите не се идилични како што ги доживуваат.

Шкорпија 23.10-21.11

Ќе дадете сè од себе да завршите некоја работна обврска на време, но најверојатно ќе пробиете некој важен рок. Имате чувство дека разочаравте некоја блиска личност, па се „јадете во себе“. Ако сте сингл, времето поминато со друштвото ќе ви го намали чувството на осаменост.

Стрелец 22.11-21.12

Денес појасно ќе гледате на работите околу себе, но дури откако ќе поразговарате со некој пријател. Работата ви создава стрес и не знаете како да се ослободите од тоа чувство. Ако сте во брак, разговарајте со партнерот за поделба на обврските околу децата.

Јарец 22.12-19.01

Ве мачат проблеми со парите и тоа што домашниот буџет се празни со гое брзина. Ако не работите, на повидок е понуда за вработување или хонорарна работа. Јарците во брак ќе најдат начин да го добијат од партнерот тоа што го сакаат.

Водолија 20.01-18.02

Работните обврски ќе ги запоставите за сметка на некои приватни работи што мора да ги решите многу брзо. Некој познаник ќе ви понуди интересна соработка, која може да ви донесе голем бенефит. Ако сте сингл, искористете го попладнето за прошетка или дружење со пријателите.

Риби 19.02-20.03

Ако сметате дека некои работи се косат со вашите ставови и уверувања, не ги прифаќајте по секоја ен. оно е да добиете јавна пофалба од шефот за вложениот труд и да бидете задоволни од себе. Ако сте во врска, изненадете го партнерот со билети за кино, театар или концерт.