Живот 22.10.2024 14:43

Високите цени се тука да останат, луѓето ширум светот се прилично лути: ММФ песимистички тврди дека не чека тешка иднина

Високите цени се тука да останат, луѓето ширум светот се прилично лути: ММФ песимистички тврди дека не чека тешка иднина

Високите цени се тука да останат, а со нив и економската болка што произлегува од бавниот раст и високиот долг, тврди Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

  • Болката што сите ја чувствуваме затоа што цените се зголемија е тука да остане, а повисоките цени прават многу луѓ шм светот прилично лути. Соочени сме со оваа непростлива комбинација на бавен раст и високи долгови – изјави таа на конференцијата во Бретон Вудс.

Сепак, таа смета дека светската економија има доста добри резултати, но дека загриженоста останува.

Посочи дека трговијата расте побавно од глобалниот раст.

ММФ денеска треба да објави ажурирани податоци за глобалниот раст. Георгиева не прецизираше колку треба да изнесува, но се очекува да биде повисока од три проценти.

Понатаму, ММФ проценува дека глобалниот реален БДП годиава ќе прсе за 3,2 отсто, а следната година овој раст ќе изнесува 3,3 отсто. Георгиева истакна дека климатските ризици им штетат на економските перспективи на одредени земји.

Конференцијата во Бретон Вудс во Соединетите Американски Држави е годишен состанок на ММФ и Светската банка.

Изминативе денови шефицата на ММФ излезе со лоши прогнози за глобалната економија, а посебно во земјите во развој.

Не чека тешка иднина, растот ќе биде слаб, задолженоста висока, трговските тензии ќе растат, нагласи Георгиева во таа прилика.

  • Нашие прогнози укажуваат на тешка комбинација на слаб раст и висока задолженост – тешка иднина“ рече Георгиева, посочувајќи на мешаните економски прогнози за главните светски играчи. Растот во целина нема да биде доволен за да се искорени сиромаштијата во светот, да се отворат потребниот број работни места или да се генерираат даночни приходи потребни за сервисирање на огромниот долг и финансирање инвестиции – посочи тогаш првиот човек на ММФ.

Инфлацијата забавува, ценовната стабилност се враќа, како и состојбата со пазарот на туд во САД и Европ. Кна успорува, Индија забрзува, американската економија оди доста добро, но Европа може подобро,вели Георгиева.

Високите цени непропорционално ги погодуваат сиромашните, а конфликтот на Блискиот Исток може да ескалира и да ги дестабиизира регионалните економии и светските пазари на стока.