Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање денеска истакна дека младите се во фокусот на Владата, како и сите граѓани.
-Интензивно се работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18 милиони евра инвестиција. Во буџетот се предвидени оние 250 евра за дигитални уреди кои ќе ги користат сите студенти, кк и 10 милиони евра во форма на гранд за стартап бизниси и уште многу други, истакна Мицкоски.
Премиерот, како што посочи, ги охрабрува младите да влезат во борба со животот, затоа што само така можеме заеднички да успееме како општество.
-Секој предизвик треба да го совладаме. Ништо не паѓа од небо готово, за се треба да се бориме, да го заслужиме. Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме она што го работиме на младите, на нив останува иднината, потенцираше Мицкоски.