Актуелно 12.12.2024 11:05

Мицкоски: Решен откупот на ориз!

Мицкоски: Решен откупот на ориз!

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е решен откупот на ориз.

-Решен откупот на ориз! По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите. Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе ги добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година. Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите!, пишува Мицкоски на Фејсбук.