Актуелно 13.12.2024 12:37

Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС. ЈО не смее да дозволи Артан Груби да помине само со црна листа на САД. Самиот факт што нашиот стратешки партнер има докази за влијание на Груби во судски предмети говори дека и ЈО истите мора да ги обезбеди и тој да одговара, вели Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако ЈО не поведе постапка против Груби оваа генерација обвинители ќе биде 100% виновна зошто довербата на народот во нив е само 2%.

Груби не е сам, СДС му беа логистика и одговорност мора да има за сите.

Артан Груби за кој видовме дека земал мито за да влијае на судски предмети не е сам, СДС како партија му биле испостава и помагачи.

7 години ДУИ и СДС поставува свои луѓе во правосудството.

Никој не може да претпостави колкав е бројот на предмети на кои Груби и СДС влијаеле и ја спречиле правдата или донеле одлука во граѓанска постапка во нечија корист.

Ги повикуваме обвинителите и судиите да се освестат, да излезат од јаремот на ДУИ и СДС и да почнат да си ја работат работата, додава Петрушевски.