Актуелно 24.12.2024 10:37

Мисајловски: Стабилно буџетирање, инвестирање во модернизација и опремување во човечки капацитет- трите приоритетни столба на МО и Армијата (ВИДЕО)

Мисајловски: Стабилно буџетирање, инвестирање во модернизација и опремување во човечки капацитет- трите приоритетни столба на МО и Армијата (ВИДЕО)

Стабилното буџетирање, инвестирање во модернизацијата и опремување во човечкиот капацитет се трите столба кои се од приоритетно значење на Министерството за одбрана и Армијата.

Ова го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска оддржа предновогодишен брифинг и коктел со претставниците на медиумите.

-Во однос на буџетот изнесува 329 милиони евра, од кои 106 милиони евра се наменети за модернизација и опремување на Армијата, гледано во однос на 2024 година, тоа се 18 милиони евра повеќе.

Најави дека од следната година почнува постапка за прием на нови 300 професионални војници и други дополнителни вработувања. Следната година ќе биде објавен огласот.