и ја потенцираше клучната улога на бизнис дипломатијата во промовирањето на мирот и економските придобивки.
„Во свет на зголемена глобална поврзаност и економска меѓузависност, бизнис дипломатијата станува важен инструмент за зајакнување на економската стабилност и зацврстување на меѓународните односи. Еден од клучните елементи за успешна бизнис дипломатија е меѓусекторската соработка на Владата, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата, односно нашиот инклузивен пристап, со кој создаваме услови за зголемена конкурентност, иновации и одржлив развој,“ истакна министерот Муцунски во своето обраќање.
Во тој контекст, министерот ги нагласи и проширените ингеренции на Министерството по интегрирањето на новите надлежности во делот на надворешната трговија и новата обврска, која е фокусирана на промоција на извозот, привлекувањето странски инвестиции, застапување на економските интереси на државата и поддршка на македонското стопанство.
„Токму во оваа насока се и последните законски измени, со кои Министерството за надворешни работи стана Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, со што официјално ги презедовме надлежностите во делот на креирањето политики поврзани со странските инвестиции и надворешната трговија,“ истакна тој.
Тој додаде дека, согласно тоа, преку засилена активност на дипломатско-конзуларните претставништва и усогласено со приоритетите на Владата, во следниот период активно ќе се работи на остварување на овие економски цели, а со тоа и на забрзување на економскиот развој на државата.