Актуелно 27.07.2018 16:41

Асанж ќе мора да ја напушти Амабсадата во Лондон

Асанж ќе мора да ја напушти Амабсадата во Лондон

Еквадор преговара со британската Влада за ситуацијата со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж изјави еквадорскиот претседател Ленин Морено.

Британскот весник Сандеј тајмс претходно објави дека високи претставнивци на Еквадор и Британија разгледуваат како да биде преместен основачот на Викиликс од дипломатската мисија по поништувањето на неговиот азил. Извор близок до Асанж вели дека ситуацијата е во решавачка фаза.

Морено ја даде изјавата во Мадрид, дека Австралијанецот Асанж ќе мора да ја напушти Амбасадата каде живее од 2012 година.

Најнови вести