Живот 14.08.2025 10:03

„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува

„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува

„Етериум“, втората најголема криптовалута според пазарната капитализација, забележа раст од 6% и се тргува над 4.680 долари по токен — многу блиску до рекордното ниво достигнато во 2021 година.

Според аналитичарот Том Ли, голем дел од крипто-проектите и стабилните дигитални токени на Вол Стрит, кои се поддржани од средства како американскиот долар, се градат врз инфраструктурата на Ethereum.

Матичниот токен на оваа платформа, етер (ETH), порасна за над 50% откако беше донесен Законот GENIUS минатиот месец. Овој закон обезбедува регулаторна поддршка за индустријата на стабилни токени, што придонесе за зголемена доверба кај инвеститорите.

Дополнително, Комисијата за хартии од вредност неодамна го најави „Проектот Крипто“ — иницијатива за модернизација на агенцијата и воведување појасни регулативи за дигиталните средства. Овој чекор исто така одигра важна улога во поддршката на растот на „Етериум“

Аналитичката куќа Fundstrat предвидува дека цената на ETH може да достигне и до 15.000 долари до крајот на годината.

Во изминатите пет трговски денови, вредноста на етерот порасна за 16%, наспроти 4% раст на биткоинот. Зголемениот интерес доаѓа и од компании што собираат капитал за купување етер, слично на стратегијата што ја користи MicroStrategy со биткоинот. Според Спенсер Халарн од крипто-платформата GSR, токму овие приливи од институционални инвеститори придонеле за дополнителен раст на цената.

„Овој позитивен тренд дополнително го зголемува интересот на инвеститорите“, изјави Халарн за Yahoo Finance.

Еден од најактивните играчи е BitMine Immersion Technologies (BMNR), каде претседател е Том Ли од Fundstrat. Компанијата најави планови за продажба на нови акции во вредност од 20 милијарди долари, со цел да го зголеми својот удел во Ethereum и на крај да поседува 5% од вкупниот број на ETH токени во оптек. Акциите на BitMine се зголемија за околу 80% во последните пет дена.

Сличен раст бележат и други компании како SharpLink Gaming (SBET) и BTCS (BTCS), кои следат стратегии за интегрирање на Ethereum во своите деловни модели, забележувајќи пораст од 8% во последните пет сесии.