Автопатот Скопје-Блаце треба да започне со градба до почетокот на следната година. Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Тој проект се реализира со подршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде воведен во работа. Рокот за изгрaдба е три години од почетокот на активностите и тоа значи дека почетокот на 2029 година да има автопат“ – изјави вицепремиерот Николоски.