Банкарство 13.11.2025 14:27

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви, посочи гувернерот д-р Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 ‒ 2028 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа амбасадори, претставници на дипломатскиот кор и меѓународните институции.

Во презентацијата беше наведено дека инфлацијата за целата 2025 година се очекува да изнесува 3,9%, во просек, а во понатамошниот период на проекциите ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек, односно ќе се сведе на 2,5% во 2026 година и 2,0% на среден рок. Постепеното стабилизирање на инфлацијата на среден рок би произлегло од закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка и увозните цени. Во рамките на есенскиот циклус проекции, согласно подоброто остварување во првата половина на годината, се предвидува забрзување на растот на економијата од 3,5% во 2025 година и на 4% на среден рок, при непроменети оцени за фундаменталните фактори од кои зависи растот. Во услови на јавен инфраструктурен циклус и подобрување на надворешните услови, се очекува дека инвестициите ќе бидат главниот фактор за растот, којшто ќе биде дополнително поддржан од домашната потрошувачка и извозната активност. Економијата ќе биде поддржана и од кредитната активност, чијшто просечен раст би се движел над 7% на среден рок, поддржан од натамошното проширување на депозитната база, при стабилен банкарски систем.

Очекувањата за надворешната позиција на економијата укажуваат на дефицит на тековната сметка од  4,2% од БДП во 2025 година, што претставува одредено продлабочување во споредба со претходната година. На среден рок, за периодот 2026 ‒ 2028 година, се предвидува постепено стеснување на дефицитот и негово сведување на 2,6% од БДП во 2028 година. Се очекува дека финансиските текови, главно во форма на странски директни инвестиции и долгорочно задолжување на државата во странство, ќе бидат солидни во текот на периодот на проекциите, обезбедувајќи целосно финансирање на дефицитот и раст на девизните резерви. Светските услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата од водење претпазливи домашни макроекономски политики, а пред сѐ политики коишто влијаат врз домашната побарувачка.

Народната банка внимателно, на дневна основа, ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат, и како и досега, соодветно ќе реагира. Притоа, гувернерот истакна дека доколку продолжат позитивните движења со намалување на стапката на инфлација и во наредните месеци, и во отсуство на административни интервенции во утврдувањето на платите, Народната банка е подготвена соодветно да реагира во насока на натамошно нормализирање на монетарната политика.

Најнови вести од Економија

Министерство за финасии

Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова

Економија

ESG како предуслов за конкурентност: потребна е едукација и јасна рамка за интеграција на МСП во глобалните пазари

Министерство за финансии

Димитриеска-Кочоска: Создаваме предвидливо, стабилно и транспарентно опркужување за развој на приватниот сектор и градење доверба на граѓаните во институциите

EBTSF-25

Меѓународна конференција „Економски и бизнис трендови што ја обликуваат иднината“

енергетска стабилност

РКЕ не очекува какви било поместувања на цената на струјата

ВЛАДА

Муцунски: Процесот на привлекување странски инвестиции е тимски, така ги остваруваме резултатите

Гувернерот од конференцијата во Тирана

Славески: Водиме претпазлива монетарна политика и подготвени сме да им одговориме на сите потенцијални ризици

6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната годин

Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градба

Теми на денот

криминал на гарнитурата на заев и таче

АНДОНОВСКИ: Петнаесет кривични пријави поднесени од Министерството за дигитална трансформација, пет се во судска постапка

НАТКАСТ СО ЉУПЧО ЦВЕТАНОВСКИ

Владиката Петар: Мора да се прекине со неказнивоста во црквата и државата (ВИДЕО)

македонската истрајност наградена со автоќефалност

Спорот со Цариградската патријаршија е масло на Јован Вранишковски, обвини Владиката Петар во НАТКАСТ

Интерна комисија

Од анализирани 19 случаи: Кај 10 утврдено дека се НЕПОТРЕБНО извршени кардиохирушки операции

„За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев“

Расте незадоволството во СДС, поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев