Овој договор на владата со синдикатите значи уште еден историски договор дека во следните две години и неколку месеци, почнувајќи од април 2026 година до април 2028 година околу 11.000 луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителството ќе добијат околку 40 проценти повисока плата од таа што денес ја добиваат, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
- Со ова, владата како најголем работодавач го заокружува договорот со своите колеги. Практично на ова му претходеа здравствените, па образовните работници, па другите институции и конечно сега со овој договор кога се ова ќе се заокружи, ние може да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа влада сме ги регулирале своите обврски со нашите колеги, истакна Мицкоски.