Економија 19.02.2026 10:47

Златото денес се тргува за 136 евра за грам

Златото денес се тргува за 136 евра за грам

Повторно скок на цената на златото. Денес се продава 3 евра за грам поскапо од вчера. На светските берзи еден грам чини 136 евра, а една унца (31,1 грам) се продава по 4.256 евра.

Овие движења на цената се одраз на нестабилни финансиски услови и реакции на инвеститорите на макроекономски показатели. По периодот на силен пораст и достигнување рекордни нивоа во почетокот на 2026 година, пазарот на злато влезе во фаза на нервозно тргување и корекции, поради очекувањата за можни промени во монетарната политика и глобалните економски индикатори.

Аналитичарите посочуваат дека иако краткорочно цената може да варира, долгорочно златото се смета за едно од најстабилните средства за заштита од финансиски ризици, особено во услови на геополитичка и економска неизвесност.