Актуелно 23.02.2026 13:27

Андоновски: Годинава очекуваме најмалку 20-30 нови дигитализирани услуги, извод на родени за помалку од 48 часа, „Роаминг како дома“ до крајот на годината

Андоновски: Годинава очекуваме најмалку 20-30 нови дигитализирани услуги, извод на родени за помалку од 48 часа, „Роаминг како дома“ до крајот на годината

 

Во текот на оваа година може да се очекуваат најмалку 20-30 целосно дигитализирани услуги, со приоритет на пријавување новороденче и издавање прв извод од Книгата на родените за помалку од 48 часа од пријавувањето, услуги во доменот на енергетиката и Фондот за здравство, како и услуги за компаниите – најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

– Очекувам во текот на пролетта да почнеме со уште еден проект преку европската ИПА-програма, со кој ќе дигитализираме уште една поголема група услуги, кои граѓаните ги сметаат за најкористени. Паралелно, работиме и на подобрување на електронската достава (е-сандаче), а многу бргу граѓаните ќе почнат да ги користат терминалите за услуги, кои ќе бидат поставени на фреквентни локации, најмногу во Скопје – потенцира Андоновски во интервју за „Скопјеинфо.мк“.

Како приоритет за оваа година, Андоновски го посочува почнувањето на проектот за поставување на Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“ и изградбата на голем јазичен модел на македонски јазик, што, според него, ќе донесе системски напредок во примената на вештачката интелигенција во јавниот сектор.

– Тоа мора да биде придружено со поголема активност во привлекување странски инвестиции во висока технологија, вештачка интелигенција и центри за податоци – додава Андоновски.

Тој во интервјуто нагласува дека денес имаат над 260 илјади корисници на Националниот портал за услуги (во споредба со само 100 илјади во 2024 година) и раст од повеќе од 150 проценти на искористеноста на е-услугите и трансакциите на платформата за интероперабилност. Исто така, посочува дека донеле јасна национална ИКТ-стратегија со план до 2030 година, реализирале десетици проекти, отвориле центри за услуги во 15 града и предложиле и донеле закони. Потенцира и дека први ги реализирале сите обврски од реформската агенда, со што обезбедиле повеќе од 20 милиони евра од ЕУ. Скопје беше домаќин и на најголемиот досега дигитален самит на Западен Балкан пред повеќе од 1.000 гости и учесници, при што, според Андоновски, Македонија повторно е ставена на мапата на дигитално развиени држави.

– Дали очекувањата се целосно исполнети? Јавноста секогаш очекува побрзо, повеќе и подинамично – и тоа е оправдано. Но, реално гледано, темелите се поставени. Сега сме во фаза на забрзување, кое многу зависи и од респонзивноста на другите институции, буџетите и приоритетите на секоја од нив. Често велам дека најмногу време инвестираме во убедување на колегите какви придобивки носи дигитализацијата во нивниот ресор. Кога една институција ќе почне со дигитализација и ќе го види ефектот, потоа е лесно. Оттука, мојата лична оценка е дека направивме стабилна основа врз која може да се гради модерна, ефикасна и транспарентна администрација. И реално е да сум задоволен од мојот тим, кој се посвети на оваа цел изминативе две години – оценува Андоновски.

Тој посочува дека е свесен за очекувањата во јавноста процесот да биде уште побрз и објаснува дека со зголемувањето на бројот на услуги и нивната достапност, растат и барањата. – И тоа е добро – вели тој додавајќи дека тоа го толкува како доказ за голем интерес.

Според него, дигитализацијата, односно дигиталната трансформација, е процес што повеќето од граѓаните, особено помладите, го поздравиле како чекор што го почна државата, главно поради олеснување на пристапот до услугите, како и заштедата на време, ресурси и нерви од бркањето документи на административните шалтери. Со доаѓањето на новата Влада, како што посочува, овој процес беше издигнат на ранг на министерство – со издвојување на информатичкото општество од јавната администрација и негова преобразба во Министерство за дигитална трансформација. Тој објаснува дека поради неуспесите од минатите години, граѓаните биле скептични за ефективноста на новата институција.

– Во првата фаза требаше да изградиме институционален капацитет – тим, систем, стратегија и доверба на институциите во Министерството. Истовремено, да ги стабилизираме системите за тие да може да испорачуваат услуги – вели министерот Андоновски за првите денови по премањето на функцијата.

Во однос на иницијативата „Роаминг како дома“ и усогласувањето со регулативите на ЕУ, министерот рече дека процесот е во напредна фаза. Нагласи дека Македонија го исполнува најголемиот дел од техничките и законските предуслови и е меѓу најподготвените земји од регионот. Сепак, посочи дека имплементацијата е билатерален договорен процес меѓу ЕУ и секоја од земјите на Западен Балкан, како и меѓу операторите.

– Најоптимистичките проекции, доколку процесот се движи според европската динамика, се насочени кон добивање на овој статус кон крајот на 2026 или 2027 година. Нашата цел е јасна: кога граѓаните патуваат во ЕУ – да не плаќаат дополнителни трошоци за разговори и интернет – вели министерот Андоновски.

 

Најнови вести од Македонија

усогласување на законска рамка

ДЗС: Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

некој да не оди во дубаи?

Пискотници од СДС: Заев и Филипче во УПЛАВ ОД ИСКАЗОТ НА ГРУБИ, удрија по ДУИ и Ахмети!!!

ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

влошена безбедносна состојба

МНР со апел: Македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата

констатирани 4910 сообраќајни прекршоци

„Сејф сити“: За 51,5% помалку прекршоци за поминување на црвено светло, за 20,9% на забраните за возење

МЗШВ

Земјоделски површини во дел од Пелагонија под вода

министерство за европски прашања

Сали во Украина: Ќе споделува искуства во процесот на европска интеграција

конститутивна седница на Советот за иновации

Мицкоски: Создаваме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места

Теми на денот

шутка е нов дом на артан

Видео од приведувањето на Артан Груби

некој да не оди во дубаи?

Пискотници од СДС: Заев и Филипче во УПЛАВ ОД ИСКАЗОТ НА ГРУБИ, удрија по ДУИ и Ахмети!!!

констатирани 4910 сообраќајни прекршоци

„Сејф сити“: За 51,5% помалку прекршоци за поминување на црвено светло, за 20,9% на забраните за возење

конститутивна седница на Советот за иновации

Мицкоски: Создаваме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ

СДС нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и може да изнесе податоци за аферите и криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски