Гробница стара 5.000 години е пронајдена во подрачјето Караганди во Казахстан, а во него се најдените телата на древни „Ромео и Јулија”, објави„Дејли Меил“. Според археолозите, двата коња закопани во непосредна близина на двојката се жртвувани, а покрај свитканото машко тело има метален меч и врв од стрела, а веднаш до него се наоѓа и женски скелет, во истата положба, со зелена нараквица украсена со скапоцени камења и друг накит. Археологот Игор Кукушкин рече дека постојат некои нејаснотии во поглед на односот, но и смртта на двојката… Нема одговор околу тоа дали биле сопружници, или љубовници, но во секој случај сакале да останат засекогаш заедно.
И покрај тоа што нема траги од насилна смрт кај луѓето, коњите се убиени. Која е причината за таквиот настан и зошто овој маж и оваа жена се закопани еден покрај друг се парашања кои остануваат да бидат разјаснети од страна на археолозите.