Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје.
Како што соопшти владината прес-служба, настанот е по повод одбележувањето 20 години посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.