Актуелно 09.04.2026 08:17

Мицкоски во посета на општина Струга

Мицкоски во посета на општина Струга

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на општина Струга.

Како што најави владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа.

Потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, каде што ќе даде изјава за медиуми.

На крајот од посетата, наведуваат од Владата, ќе присуствува на увид на градежни активности на реконструкција на улицата во населбата Езерски Лозја.