Економија 09.06.2026 08:12

Мицкоски на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“ во скопската населба Хром

Мицкоски на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“ во скопската населба Хром

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров.

Со реализацијата на овој значаен проект ќе се обезбедат осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес и ќе се унапреди образовната инфраструктура во општината.