Адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ (57) утре ќе биде погребан, а на неговто последно испраќање ќе присуствуваат неговите две поранешни жени и сегашната сопруга.
Како што се дознава на погребот ќе биде присутна неговата прва жнеа, за која не се знае многу, освен дека се вика Нина и дека е успешна бизнис жена. Таа е мајка на неговиот прв син Петар, кој беше ранет во пукањето во кое неговиот татко го изгуби животот.
На погребот ќе присуствува и неговата втора сопруга, Наталија Михиќ, поранешна Плејбој зајачица.
Со неа Мишо го има малолетниот син, а се развеле пред неколку години. Таа и Мишо се венчале во 2007 година и од таа врска го имаат синот Михајло. Таа е поранешна мис Плејбој во 2004 година и имала многу успешна кариера. Некогаш била меѓу 10 најубави жени на светот. После разводот од Мишо, во септември 2010 година се посветила на одгледување на нивниот син кој има аутизам.
И се разбира дека на погребот ќе биде и неговата жена Сања Папиќ, поранешна мис.