Актуелно 16.09.2026 10:40

Град Скопје набавува 3.300 нови контејнери – чекор кон почиста метропола

Град Скопје набавува 3.300 нови контејнери – чекор кон почиста метропола

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вчерашното гостување информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град.

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена.

Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани.

Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните.

„Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.